Вести Македонија Ударни вести

Симовски: Етничката припадност во пописите беше користена само за политизација

Сподели:

Графата „етничка припадност“ и „религиска припадност“, беа предмет на политизација на претходните пописи, политизација која особено дојде до израз во 2011 година, што и беше основната причина за прекинување на пописот вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во изјава за „Порталб“.

Тој потенцира дека пописот не е политичка операција, туку статистичка и негова основна цел е да овозможи податоци врз основа на кои ќе се градат и спроведуваат политики на развој (економски, социјални, социолошки, демографски, градежни и т.н.), како на централно, така и на локално ниво. Податоците од пописот, покрај тоа се користат и за научни цели.

– Оттука, белезите за етничка и религиозна припадност, немаат никаква употребна вредност за горе наведените цели на податоците од пописот. Напротив, тие постојано биле користени исклучиво за дневно-политички цели. Ние сме потполно свесни дека во нашето општество, поставувањето на ваков предлог не може лесно да се прифати од целосно исполитизираната јавност, па затоа тргнавме во кампања да ја објасниме причината зошто даваме ваков предлог. На крајот, јавноста е таа која ќе одлучи дали овие белези ќе останат или ќе бидат тргнати од пописот – вели Симовски.

Од ДЗС велат дека се подготвени на дебата за оваа тема и дека подготвуваат и брифинг со пратеничките групи во Парламентот.

Сподели: