7 дена Вести Ударни вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денес ќе биде со зголемена облачност, а на југоисток ќе има повремен дожд. Врнежите попладне ќе престанат, а од север облачноста ќе започне да се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде во интервал од пет до 13 степени, а дневната температура од 11 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со намалена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од седум до 18 степени.

Во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Утринските температури и понатаму ќе се задржат од неколку степени над нулата и повисоки.

Сподели: