Алтернатива Настани

Кинотека на Македонија: “АНИМАКС СКОПЈЕ ФЕСТ” – фестивал на анимиран филм

Сподели:

Кинотека на Македонија, АНИМАКС СКОПЈЕ ФЕСТ, 29.11-02.12.2018.

„Анимакс Скопје Фест“ е прв и единствен фестивал на анимиран филм во Македонија. Фестивалот претставува уникатна можност за презентирање на креативните потенцијали и достигнувања од областа на светската современа анимација.

Македонските автори разменуваат искуства со гостите, а заеднички под капата на Анимакс ја доближуваат т.н. осма уметност пред нашата публиката. Покрај работилниците за професионалци, Анимакс Скопје Фест сè повеќе ги интегрира децата во својата програма како со редовната детска програма, така и со сè поголемиот број работилници и активности, посветени на најмладите кои, всушност, претставуваат своевидни инкубатори на таленти и ја антиципираат нивната „уметничка иднина“.

Анимакс Скопје Фест е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје и Кинотека на Македонија, а финансиски е подржан од Агенција за филм на Република Македонија и Град Скопје.

Сподели: