Вести Македонија Ударни вести

Системот за квалитет на амбиентален воздух со нови мерни инструменти

Сподели:

 

Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух со нови мерни инструменти за суспендирани честички со големина до 10 микрометри.

Мерните инструменти за PM10 и PM2.5 од мерните станици Куманово, Битола 2, Тетово, како и мобилната станица моментално поставена во скопската општина Ѓорче Петров, се вклучени во мрежата на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух од 27.09.2019г. Исто така, и мерната станица во скопската општина Гази Баба доби нов PM10 инструмент и истиот е во функција од почетокот на септември 2019 година.

За 5-те мерни станици кои моментално не покажуваат податоци од мерења на PM10 честички, веќе е отворен јавен повик за набавка на мерни инструменти, односно во тек е евалуацијата на пристигнатите понуди. До првата половина на декември оваа година, се очекува процедурата за набавка на мерните инструменти да биде завршена, со што Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух ке биде комплетна во однос на прикажување на податоците за суспендирани честички со големина до 10 микрометри.

Сподели: