СЈО бара да одлучува кој ќе биде заштитен сведок во неговите предмети

Сподели

387102-janeva-i-obvinitelite-od-sjo-si-naplakjaat-po-30.000-evra-godishno-za-teatralnite-pres-konferencii

Со предложениот закон за изменување и уредување на Законот за заштитени сведоци СЈО бара да се уреди надлежноста на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во постапката за заштита на сведоци.

Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци содржи 6 члена.

Со членот 1 од предложениот закон се предлага да се додаде нов член во делот на постапката за вклучување во Прогрaмата за заштитени сведоци со кој се пропишува дека за случаи опфатени со Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Службен весник на РМ, бр. 159/15 година) Одлука за вклучување во Програмата за заштита на сведоци ја донесува Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Со членот 2 во однос на содржината на одлуката за вклучување во Програмата се пропишува обврска за Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите пред донесување на одлуката да побара писмена согласност од лицето за кое се спроведува постапка за вклучување во Програмата.

 Со членот 3 е пропишана постапката за продолжување на траењето на мерките за заштита утврдени во Програмата при што за случаите кои се опфатени со Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, доколку и по истекот на траењето на мерките за заштита утврдени во Програмата, определено со Спогодбата, и натаму постои потреба за заштита на лицето, одлука за продолжување на примената на мерките за заштита ја донесува Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Со членот 4 се пропишува итност на мерките кои ги донесува Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во однос на постапката за вклучување во Програмата за заштита на сведоци.

Членот 5 кој го регулира престанокот на Програмата за заштита на сведоци определува дека одлуката за престанок на Програмата може да ја донесе и Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Овде може да се прочита целиот предлог за измени на СЈО.