СЈО бара мерки за обвинетите, тие бараат нивно укинување

Сподели

Во Апелациониот суд завршија јавните седници за жалбите на Специјалното јавно обвинителство и на обвинетите во случаите кои ги отвори Специјалнотот јавно обвинителство, откако Кривичните совети не ги прифатија барањата на СЈО за притвор, а на дел од обвинетите им беа одредени мерки за претпазливост, пренесе 24 Вести.

Специјалното јавно обвинителство останува на барањето на обвинеттие да им бидат одредени мерки, а обвинетите бараат судот да им ги укине мерките, да се јавуваат во суд и да им бидат одземени пасошите.

Во судот своите страни ги образложија поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски обвинет во случајот „Триста“, уредникот на Драган Павловиќ Латас за кој се бараше притвор за случајот „Тотал“, неговите браќа кои заедно со него се обвинети во случајот „Тревник“.

И уредничката Ивона Талевска која е обвинета во случајот „Тифани“ побара да и го вратат пасошот, а расправа имаше и за случајот „Тарифа“. Судот не одрди притвор за ниту еден обвинет во случаите на СЈО, определни беа поблаги мерки.