ИЗЈАВИ: ЛАТАС – Сител не може да најде друг човек кој ќе ги извршува сите обврски што јас ги правам!

Сподели

„- Жешко е, па најкратко ќе кажам. Се согласувам со се што кажа одбраната и се што пишува во жалбата. Јас мислам дека не сум заслужил мерка притвор бидејќи соработувавме со СЈО.

– Второ, немам имот во странство, а ниту сметки. Јас сум главен и одговорен уредник на Сител телевизија, а тоа значи дека треба постојани средби со продавачи на програми, а ова не може да се промени преку ноќ. Исто така професор сум на Европскиот универзитет.

-Трето, професор сум во Србија, каде ако не сум присутен, ќе добијам казна. Осумдесет отсто од приходите во семејството се од мене. Ова е штета за Сител ТВ, за семејството. Сител не може да најде друг човек кој ќе ги извршува сите обврски што јас ги правам. Потенцитам дека за време на постапката во СЈО имавме коректен однос и немаше несогласувања. Во однос на ТОТАЛ МАРКЕТИНГ, таа е две години блокирана, а пак третата фирма Тотал медиа центар, поради документи кои излегоа од СЈО во јавноста таа фирма не остварува промет и има штета. Опасно е кажувањето на Бубевски за моето однесување.

-За мене е бесмислено да бидам ставен во исти случаи, каде се применува иста мерка со оние кои се сомничат за криминал со 30 или 50 милиони евра“.

Изјави, Драган Павловиќ Латас