Вести Македонија

СЈО до судот: Барањето за притвор на Грујовски е во ред, вие го проблематизирате

Сподели:

janeva-1

Специјалното јавно обвинителство одговори на барањето на Кривичниот суд за доуредување на предлогот за притвор за Горан Грујовски, осомничен во случајот „Тврдина“, односно одредување мерки на претпазливост за другите четворица осомничени, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Судот во петокот побара од СЈО во рок од три дена да го доуреди предлогот, а во спротивност ќе ги отфрли барањата како нецелосни.

Од СЈО одговараат дека нивните барања ги содржат сите потребни елементи според кои судот може да донесе одлука, а со барањето за доуредување на барањата, судот, всушност, сака да ја проблематизира надлежноста на СЈО за овој предмет.

„Во образложението на ваквото Ваше барање и мотивите кои Ви биле пресудни да ни го вратите предлогот за притвор на доуредување, можат да се забележат неколку сосема различни правни ситуации на кои се повикувате, а заедничко е што, всушност, ја проблематизирате надлежноста на ова обвинителство за овој конкретен предмет… Од Вашиот допис неразбирливо е дали предлогот за притвор е неразбирлив или не содржи сè што е потребно, па поради тоа ни го доставувате на доуредување, со предупредување дека доколку не го доуредиме, истиот ќе го отфрлите. Според одредбата на која се повикувате, тоа се единствените можности што ги има судот за да врати одреден поднесок на доуредување, меѓутоа од дописот не се стекнува впечаток дека предлогот е неразбирлив или дека не содржи сè што е потребно. Напротив, истиот ги содржи сите задолжителни елементи што ги предвидува законот за таков предлог, по кој може судот да донесе решение во согласност со член 167 од ЗКП“, стои во одговорот на СЈО до судот.

Оттаму посочуваат дека јавниот обвинител Катица Јанева е овластена да истражува и да гони кривични дела поврзани и што произлегуваат од незаконското следење на комуникациите.

Началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, и ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во случајот „Тврдина“ се товарат дека минатата година уништиле два системи од нелегалното следење на комунакциите во МВР, вредни 10 милиони евра.

http://meta.mk/sjo-do-sudot-baraneto-za-pritvor-na-grujovski-i-na-jankuloska-e-vo-red-vie-pravite-problemi/

Сподели: