ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денска претпладне ќе биде со умерена облачност, попладне претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од источен правец. Утринската температура ќе се движи од -2 до 4, а дневната температура од 4 до 14 степени.

Во Скопје претпладне со умерена облачност, попладне претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од источен правец. Утринската температура ќе достигне до 2 степени, а дневната температура до 12 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со постудени утра, но со пораст на дневната температура. Во среда и во четврток ќе дува умерен северен ветер.