Вести Македонија

„Скопје 2014“ продолжува со „Рајска градина“

Сподели:

rajska-gradina-3

Реплика на Милоска Венера, антички ликови, лавови и грифони ќе ја красат „Рајската градина“ во општина Аеродром. Зад идејното решение е фирмата „Архитектоника“ која заедно со главниот проектант, Жарко Чаушевски, стои зад повеќе „барокни“ зданија во Скопје, објави „Призма“.

Декоративни елементи во стилот на неокласицизам, павилјон, летниковец, статуи и скулптури во фонтани се предвидени да го красат најавениот парк во општина Аеродром, илустративно именуван како „Рајска градина“.

Управител на „Архитектоника“ и главен проектант е Жарко Чаушевски кој освен објектите на архитектонското биро, потпишува и голем број фасади во централно градско подрачје. Зад идејното решение на паркот, освен Чаушевски, се потпишува и Филип Богатинов и Македонка Чаушевска, сите дипломирани архитекти.

Паркот ќе се гради со пари на Општина Аеродром, која предвидела дека цената на проектот ќе се движи околу 14 милиони евра, колку што е проценетата вредност на тендерот, и дека „Рајската градина“ треба да биде готова во рок од две години.

http://meta.mk/skopje-2014-prodolzhuva-so-rajska-gradina/

Сподели: