“Скопје Стрит Фестивал” Vol.7 на покривот на ГТЦ

Сподели

 

СКОПЈЕ СТРИТ ФЕСТИВАЛ VOL. 7 оваа година се сели на покривот на Градскиот Трговски Центар – ГТЦ, 7.јуни.

Зошто? – Затоа што го сакаме ГТЦ! Затоа што ГТЦ е истовремено е скромен и искрен. Скромен е, затоа што и покрај тоа што е објект кој се простира на најголема површина во градот Скопје сепак е речиси незабележлив. Искрен е, затоа што секогаш, и покрај својата големина, тој се прилагодува кон различните делови од градот. ГТЦ е отворен, пријатен и гостољубив. Внимава никого да не исплаши или да дискриминира.(*Превземено од Никола Стрезовски Архитект)

Ова се вредности коишто се заеднички за нас и за мисијата на нашиот фестивал!

Затоа ВРЕМЕ Е! Подгответе се за уникатно фестивалско доживување!

Мејн стејџ ДА!
Графити стеџ ДА!
Стрит бол стејџ ДА!