Скопје, Тетово и Куманово со високо ниво на загаденост на воздухот

Сподели

Според измерените податоци во 6 часот во Скопје, Тетово и Куманово имаме високо ниво на загаденост на воздухот.

Во Кичево, Велес и Битола средно ниво на загаденост на воздухот, а во останатите градови нивото на загаденост на воздухот е на ниско дозволено ниво.

Во изминатите 24 часа, насекаде имавме високо ниво на загаденост на воздухот, а највисоко количество на штетни пм 10 честички беа измерени во Скопје. Вредностите се движеа од 100 до 577 микрограми на метар кубен (Лисиче 577, Ректорат 532, Гази Баба 358, а најниска вредност имаше во Миладиновци).

Потоа следуваат Тетово 516, Кавадарци 489, Куманово 405, Велес 386, Битола 366, Кичево 220 .