Алтернатива Настани

Скопски филмски фестивал 2017 – пријавување на волонтери

Tимот на Скопски филмски фестивал 2017 бара волонтери за настанот.

Заинтересираните треба да ги испратат своите пријави на volontersff@gmail.com. Периодот на волонтирање е од 20 до 28 април 2017.

Во пријавата треба да се наведат име, презиме, е-мејл, телефон и накратко да се раскаже: „Зошто сакате да бидете дел од СФФ 2017?“

Скопскиот филмски фестивал е една од најпосетените културни манифестации во Скопје со преку 30,000 гледачи годишно.

Сподели: