Алтернатива Настани

СЛАВНОТО ДУО SKYE & ROSS – MORCHEEBA НА ТАКСИРАТ

Сподели:

14355170_1145464475512182_856548097691398283_n

МКЦ, 25.11.2016

Најновиот проект на членовите на светски славниот бенд MORCHEEBA, пејачката Skye Edwards и гитаристот и половина од продуцентското дуо на групата Ross Godfrey го потврдија своето гостување во Скопје во рамки на 18-тото издание на ТАКСИРАТ фестивал. Тие заедно со останатите концертни членови на Morcheeba, басистот Steve Gordon, клавијатуристот Richard Milner и тапанарот Jaega Mckenna-Gordon ќе настапат во Младински Културен Центар, на 25 ноември. Skye и Ross овој нов проект го најавија годинава, започнувајќи ја и големaта светска турнеја „Skye and Ross from Morcheeba“ во чии рамки Скопје и Таксират имаат чест да бидат домаќини на овие извонредни музички уметници. Сет листата на нивниот концерт во Скопје ќе ги опфати сите големи хитови и најважни моменти од кариерата на Morcheeba која трае речиси две децении, но публиката воедно ќе има прилика да ужива и во песните од новиот албум.

Концертот на Morcheeba во Скопје ќе биде со строго ограничен капацитет, односно само 800 билети кои ќе бидат пуштени во продажба од среда (21 септември). Цените на билетите и продажните места ќе бидат наскоро објавени.

Новиот проект произлегува од одлуката на овие музичари во 2014 година, да направат албум кој би бил поблизок до звукот на нивните настапи во живо, отколку до исполираните студиски снимки. Во тој момент, Paul Godfrey, братот на Ross и ко-продуцент на Morcheeba, веќе целосно беше фокусиран на продуцентската работа, откажувајќи се од концертните настапи. Но, SKYE | ROSS не го сигнифицира крајот на Morcheeba, туку повеќе прочистување на звукот, можност за двајцата музичари кои го претставуваа јавното лице на бендот да ја експлоатираат својата музичка поврзаност која се разви помеѓу нив надвор од студиото и токму на сцена, за време на настапите во живо ширум светот. „Нашите музички тенденции се навистина на исто рамниште“, заклучува Ross, „и кога еднаш ја имате таа синхронизација, тогаш сѐ останато си го наоѓа своето место.“

Morcheeba е основана кон средината на ’90-тите години во време на големиот пробив на трип хоп музиката на светската сцена. Поради извонредната комбинација на различни музички влијанија, а особено благодарение на посебниот глас на пејачката Skye Edwards, Morcheeba ја стекна наклоноста на публиката уште со првиот албум „Who Can You Trust“. Популарноста на светската сцена пристигна со објавувањето на вториот албум, легендарниот „Big Calm“, кој оствари платинеста продажба ширум светот и од кои произлегоа дел од најголемите хитови на деведесеттите години како „Blindfold“ и „The Sea“.

Сподели: