Слики од колекцијата на Националната галерија Даут Пашин амам
Posted onAuthorКоментарите се исклучени на Слики од колекцијата на Националната галерија Даут Пашин амам
Сподели:
Денес 21 јуни е денот на календарскиот почеток на летото.
Едо Муртиќ Едо, Мотив од приморје, 1947, масло на платно, 61×70 см
Лето е едно од четирите годишни времиња, кое по конвенција на северната хемисфера трае од дел од јуни, цели јули и август и дел од септември, додека на јужната хемисфера од дел на декември, цел јануари, февруари до дел на март. 21 јуни е 172-риот ден во годината според грегоријанскиот календар (173-ти во престапна година). Остануваат 193 дена до крајот на годината. Овој ден исто така е најдолг ден во годината (летен солстициум) на северната хемисфера, односно најкраток на јужната.
Вера Муртиќ, Едрилици на југ, 1954, масло на платно, 75х78 см
При летниот солстициум, географските ширини на северната хемисфера имаат подолги денови отколку на јужната хемисфера. Во областите над 66.5°N (Арктички круг) има постојана дневна светлина, додека пак под 66.5°S (Арктички круг) има постојана ноќ. Сосема е обратна сликата за време на зимскиот солстициум.
Во астрономијата 21 јуни е вообичаената дата на која настапува сончева пресвртница, односно денот на кој сонцето изгледа како да седи во место.
Воедно, на 21 јуни се прославува и Светскиот ден на музиката.
Ванчо Ѓорѓиев, Музичар, 1964, масло на платно, 116х98,5 см
Сликите се дел од Колекцијата на Националната галерија на РС Македонија
МКЦ, Битола 22 Јуни, 12:00ч Младински културен центар – Битола (МКЦ-Битола), по јубилеен 15-ти пат оваа година, го организира Меѓународниот младински арт фестивал “Битола отворен град 2016“. Целта на фестивалот е да придонесе во афирмацијата на Битола како град со позитивни вредности и креативна енергија и нејзина промоција како центар на прогресивната младина во југоисточна […]
Public Room, 10 Јули, 19:00ч Крилата раастат само кога ќе се сретне вистинскиот принц. Потрагата по принцот е исцрпувачка активност, која вклучува садење цвеќе, мечтаење, зуење, трчање, скокање и слично. Помогнете и на Палечка да го пронајде вистинскиот принц, којзнае, можеби и вам ќе ви пораснат крила. Сценарио, режија-Милиана Ленак По мотиви од-Х.Ц.Андерсен Играат-Симона Спировска, Бојан […]
Кои беа и кои се клучните предизвици? Како до повидлив и повлијателен граѓански сектор и подобри резултати во иднина? Ова се дел од темите на кои ќе говорат ветераните во граѓанскиот сектор и најистакнатите соработници на ЦИВИЛ на конференцијата „Меѓу стремежите и реалноста“ која е дел од активностите на организацијата по повод одбележувањето на […]