Алтернатива Настани

СмартАПувај: Што се случуваше во месец јуни и што е следно?

Сподели:

 

Сте слушнале за ЕДУИНО?

 

Всушност, целосното име на проектот е ЕДУИНО: Колективно подобрување на образованието преку ко-креирање и иновации, СмартАп активно работи на овој проект веќе трета година по ред, во партнерство со УНИЦЕФ, Бирото за развој на образованието и поддршка од страна на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Министерството за образование и наука (МОН) и Амбасадата на Велика Британија во Скопје.

Она што е особено возбудливо во склоп на овој проект е креирањето на ЕДУИНО 2Д лабораторијата која е предвидено да претставува виртуелен 2Д простор поставен на колективниот прортал ЕДУИНО, eduino.gov.mk. Во склоп на лабораторијата се предвидени експерименти од областа на предметите кои припаѓаат во групата природните науки (STEM)опфатени во наставните програмите од I до IX одд. Овој наставен ресурс го креираме во соработка со наставници ширум нашата држава, а моментално сме во подготовка на финален извештај од примарното истражување. Повеќе инфромации за оваа проектна активност следуваат наскоро, па доколку сте заинтереирани следете ги социјалните мрежи на СмартАп и ЕДУИНО.

Подготовки за Глобалниот самит на ОН за трансформација на образованието

Во пресрет на Глобалниот самит на ОН за трансформирање на образованието, нашите партнери UNICEF MK го организираа настанот: Национални консултации за трансформирање на образованието.

Нашиот тим беше дел од настанот заедно со трите групи на ЕДУИНО Амбасадори, дел од на најпосветените едукатори кои допринесуваат кон развојот на образованието.

За време на настанот од страна на нашиот тим беше одржана работилница за Изготвување Личен План за Професионален Развој на ЕДУИНО Амбасадорите. За да погледнете дел од атмосферата кликнете тука.

Креативни индустрии

Го организиравме вториот Креативен Бизнис Куп!

 

Втора година по ред нашиот тим креира можност за интернационално претставување на креативни бизнис решенија кои потекнуваат токму од нашата земја. Во соработка со Union of Macedonian Professional Association in the Creative Industries – UMPACI го организиравме вториот Креативен Бизнис Куп, натпревар на кој се презентираат иновативни решенија на актуелни предизвици во општеството со потенцијал за брзо освојување на пазарот.

Побендици на овогодинешниот национален натпревар се: Best Online Assistant

Нашите национални победници не претствуваа на глобалното финале на ‘Creative Business Cup 2022’ кое се одржа овој месец во Копенхаген, Данска. Нашите претставници успеаа да се пласираат во 12-те полуфиналисти на глобалниот куп издвојувајќи се од групата на 60 учесници на глобално ниво. Испраќаме искрени честитики и ве охрабуваме да истражите повеќе за нив и нивното бизнис решение.

Мали, но значајни успеси: Оваа секција ја посветуваме на нашиот тим нивната храброст и посветенот.

Се радуваме на достигнувањата на нашата колешка Софија Богева која оваа година беше модератор на две дискусии во склоп на BRIGHT Конференијата, завршниот настан на Глобалниот Бизнис Куп. Како наш претставник таа ги водеше дискусиите: Open Innovation in public sector и Impact Investing. Благодарни сме што ја имаме можноста да растеме и да се развиваме како организација поттикнати од нејзините амбиции и поставени цели.

Повеќе информации за проектот може да прочитате на следниот линк: https://www.eduino.gov.mk/

Сподели: