Со 4 милиони евра од ЕУ се обезбедува опрема во здравството

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче вчера се сретна со Никола Бертолини, шеф на секторот за Програми за финансиска поддршка при Делегација на Европската Унија во Скопје.

 

 

На средбата се разговараше за десет-годишната стратегија за развој на здравството со поддршка на ЕУ.

 

 

“Со 4 милиони евра од ЕУ обезбедуваме опрема во здравството и го зајакнуваме здравствениот систем. Вчера остварив средба со Никола Бартолини – шеф на секторот за Програми за финансиска поддршка при Делегација на Европската Унија во Скопје. Го финализираме стратешкиот документ – 10 годишната стратегија за развој на здравството. Се заблагодарувам за целокупната поддршка која ЕУ и ја дава на нашата земја низ годините, особено во изминативе месеци со справувањето со пандемијата ковид-19, – истакна Филипче.