Алтернатива Македонија Настани Ударни вести

Со „Болка и слава“ на Алмодовар се отвора 40. фестивал „Браќа Манаки“

Сподели:

 

Јубилејното  40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва, на 14. септември ќе го отвори новиот филм на Педро Алмодовар „Болка и слава“.

 

Шпанија/ 2019 / 112’, Режија&Сценарио/Director&Scr.: Pedro ALMODOVAR

Кинематографер/Cinematographer: Jose Luis ALCAINE
Монтажер/Editor: Teresa FONT
Музика/Music: Alberto IGLESIAS
Продуценти/Producers: Augustin ALMODOVAR, Ricardo Marco BUDE, Ignacio Salazar-SIMPSON
Продукција/Production: EL DESEO D.A. S.L.U., Madrid-Spain
Color/DCP
Јазик/Language:шпански/Spanish

Улоги Antonio BANDERAS (Salvador), Penelope CRUZ (Jacinta), Asier ЕTXEANDIA (Alberto), Leonardo SBARAGLIA (Federico), Nora NAVAS (Mercedes)

По повод отворањето на Фестивалот со шпанскиот филм на Алмодовар се обрати и амбасадорот на Кралството на Шпанија, Емилио Лоренцо Сера, кој истакна дека дека е среќен што е во Битола, градот на конзулите и на браќата Манаки.

„Навистина ми е драго што Фестивалот одлучи да ја проследи траекторијата на 40 – годишната работа на Алмодовар и на неговиот соработник и пријател Хозе Луис Алкаине да ја спои со својот јубилеј и го избраа нивниот филм за отворањето. Како амбасадор на Кралстовто Шпанија се гордеам со Алмодовар и сум благодарен што ја слави неговата работа затоа што самиот тој се наметна како можеби најрепрезентативен режисер за Шпанија зашто најдобро го отслика тоа што се случуваше во последните 40 години откако станавме демократска држава. Алмодовар одеше во чекор со демократските промени, но и го критикуваше општеството со доза на сцојот специфичен хумор. Неговите филмови навистина се рефлексија на модерна Шпанија“, рече амбасадорот Сера. Тој додаде дека примерот на Шпанија , која не е идеална држава е пример за демократски промени кон кои се стреи Република Северна Македонија која ја чека влезот во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ. „Само со конструктивна критика се оди напред и затоа уметниците и режисерите како Алмодовар се толку важни за општеството“, рече тој.

 

 

Организаторите потсетија дека сите проекции се бесплатни за студенти и средношколци, со покажување на индекс или средношколска книшка, а бесплатни ќе бидат проекциите и за пензионери и невработени лица, со приложен документ за идентификација.

Интернационалниот фестивал на филмската камера во Битола е најстар фестивал во светот посветен на филмските кинематографери кој прв пат се одржа во 1979 година во чест на браќата Јанаки и Милтон Манаки. Од 1991 година фестивалот има натпреварувачки карактер.

На следниот линк можете да ја проследите програмата на 40. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Сподели: