Вести Изјави Македонија Ударни вести

Со две дози на вакцина против КОВИД-19 дозволен влез во објекти и на настани

Сподели:

 

Почнувајќи од денес за влез во објекти и настани, каде до сега можеше да се влезе и со една доза примена вакцина, потребно е граѓаните да приложат сертификат/потврда за примени две дози на вакцина против КОВИД-19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
 
“Апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни и оние кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот”, додаде министерот Филипче.
Сподели: