Со износ од над 17 милиони евра, скопјанка на врвот на листата на највисок годишен приход за 2018

Сподели

 

Управата за јавни приходи денеска ја презентираа статистиката за највисоките годишни бруто приходи пријавени во Годишната даночна пријава (ГДП) за 2018 година, Анализа – Годишна даночна пријава – највисоки приходи 2018.

Меѓу првото и второто место според најголемите приходи има голема разлика од околу 10 милиони евра. Во првите десет се наоѓаат седум граѓани од Скопје и по еден од Тетово, Струмица и Гевгелија.

Интересна е и анализата според возраста, па од УЈП информираа дека најмладото лице кое е пријавено со над милион денари приход е двогодишник, роден во 2018 година кое доходот го остварил по основ на дивиденда. Најмладото лице во групата над 10 милиони денари приход имало 21 година.

 

 

Една милијарда и 57 милиони денари, односно околу 17 милиони евра годишен бруто-приход пријавила граѓанка од Скопје за 2018 година, со што се најде на врвот на листата на лица кои имале највисоки годишни приходи информираа од Управата за јавни приходи, кои денеска ја презентираа статистиката за највисоките годишни бруто приходи пријавени во Годишната даночна пријава (ГДП) за 2018 -та година.

Во 2018 година 31 лице пријавиле бруто-приходи поголеми од 100 милиони денари, додека најголемиот дел од граѓаните, вкупно 624 илјади лица пријавиле помеѓу 100 илјади и 1 милион денари годишен бруто-приход.

Според дејностите, и оваа година, највисоки плати се исплаќале во здравство, трговија со тутунски производи и информатички технологии.

„Највисоката годишна бруто плата во 2018 година исплатена е во секторот здравство и изнесува 183,806,532 денари. На листата на највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во секторот трговија со тутун и тутунски производи, компјутерско
програмирање, производство на метални производи, аптеки и изградба на станбени и нестанбени објекти. Највисокото лично примање по друг основ изнесува 119,268,921 денари на годишно ниво“, соопштија од УЈП.

 

 

Самостојното вршење на дејност во 2018 било најпрофитно за Скопјани, кои доминираат на листата со приходи по овој основ. Највисокиот приход изнесувал 46 милиони денари, а во топ 10-те на листата се наоѓаат адвокати, нотари, извршители и угостители.

„Годините се само бројка“
Високи приходи има и кај највозрасните и најмладите лица.
Највозрасното лице кое остварило над 1.000.000 денари приход има 99 години, додека во групата над 10.000.000 денари највозрасниот има 93 години.
Лице кое се родило во 2018 година, остварило доход од дивиденда над 1.000.000 денари, додека во групата над 10.000.000д енари, најмладиот има 21 години.