Вести Македонија Став Ударни вести

Со лажење и крадење на туѓи проекти, не се прави рејтинг

Сподели:

 

Вистинска срамота е кога функционер избран на непосредни избори од граѓаните, а во случајов од сопствените соседи, наместо реални проекти кои произлегуваат од сопствената програма, се кити со туѓи перја и лаже дека реализира свој, кога впрочем станува збор за туѓ проект.

Улицата „Радишанска“ е проект кој во целост се реализира од градот Скопје – од проектирање, преку финансирање, до реализација. 

Општина Бутел, а уште помалку градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски има било каков придонес во овој проект, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Срамно е ваквото лажење на сопствените граѓани и соседи кои својата доверба ја дале на човек кој не е способен да реализира свои проекти, па мора да лаже дека реализира ветување за проект во кој тој нема никаква допирна точка.

Улицата „Радишанска“ е градска улица, што дополнително ја прави објавата на Костовски манипулативна, особено бидејќи покажува колку тој не ја познава својата работа и ингеренции. Оваа улица  е дел од проектот „Скопје без заборавени населби“ од програмата „За Модерно Скопје“.

Градот Скопје во континуитет ги реализира проектите од програмата избрана од граѓаните, која содржи клучни барања за подобрување на градската инфраструктура.

Со исполнување на ветувањето за целосна реконструкција на една од најважните сообраќајници под надлежност на Град Скопје во општината Бутел, улицата „Радишанска“ се обновува во должина од 1.100 метри. 

Го реконструираме коловозот на улицата на површина од 7.363 м2, рабниците и тротоарите, а граѓаните од овој дел на градот, ќе добијат соодветно партерно уредување и реконструкција на последната автобуска постојка на линијата број 57.

Сподели: