Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Собранието ги усвои законските измени за покачување на пензиите

Сподели:

 

Собранието вчера ги изгласа Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Предлог на закон за изменување на Законот за Собранието на Република Македонија

Со измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се усогласува движењето на индексот на трошоците на живот во висина од 50 проценти и пораст на просечната плата исто така од 50 отсто, а дополнително, како дел од антикризните мерки секој пензионер три месеци по ред ќе добива и по 1000 денари.

“Законските измени кои ќе обезбедат повисоки пензии и континуиран раст во иднина, вчерабечер се изгласаа во Собранието. Речиси 330.000 пензионери ќе имаат историски највисоки пензии и во просек во домашниот буџет ќе имаат околу 12.000 денари повеќе на крајот на годината”, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
 
“Воедно, со финансиска поддршка обезбедена за наредните 3 месеци, пензионерите ќе имаат и дополнителни 3000 денари за справување со последиците од кризата.
 
Ветувањата кои ги дадовме, брзо и ефикасно ги остваруваме. Грижата за животниот стандард и квалитетот на живот, ни е приоритет. Честитки уште еднаш и на пензионерите им посакувам здравје и среќни и радосни денови со новите повисоки пензии”, додаде премиерот Ковачевски.
Сподели: