Собранието го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување.

Со усвојувањето на овој закон се унапредува правната и институционалната рамка за органодарителство и трансплантација, преку појасно изразување и евидентирање на личната волја на граѓаните, проширување на можностите за лекување и отстранување на дел од административните пречки во системот.
Законот претставува значаен чекор кон пофункционален, поефикасен и подостоинствен систем на органодарителство и трансплантација, во интерес на пациентите и на јавното здравје.
Министерството за здравство останува посветено на понатамошно зајакнување на трансплантацискиот систем, подигнување на јавната свест и градење доверба, затоа што органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста.


