Изложба „Поместени граници-ДЛУМ 2026“

Сподели:

Во рамки на 47. издание на фестивалот Скопско лето ќе се отвори изложба насловена „Поместени граници“ – 80 години постоење на Друштво на ликовни уметници на Македонија.

Изложбата „Поместени граници – ДЛУМ 2026“ го претставува концептот на кураторката Гордана Велков со наслов „Разбудени сеќавања“ со фокус кој се однесува на индивидуалните урбани мемории: „Физичкото присуство на предметите, садовите и архитектурата и ентериерот во простор како меморија за едно време се поставени, уредени и одржувани од севкупноста на нечии сеќавања.“

Оваа биенална изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија – ДЛУМ традиционално ги спојува современите практики и искуства со визуелна експресија, кои ги истражуваат актуелните искуства, и бараат нови нестандардни начини на визуелен израз.

Ликовните дела се реализирани како резиденцијален престој на проф. Маја Гециќ од Белград, Србија и уметници членови на ДЛУМ од Македонија.

Изложбата ќе биде отворена до 02.07.2026 година.

Сподели: