Собранието ќе расправа за законските измени за укинување на техничката влада

Сподели:

Собранието денеска ќе ја одржи 98. седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и предлог законските измени на Законот за Владата, со кој се предвидува создавање услови за укинување на моделот на техничка влада.

Предложеното законско решение, со одложната примена, како што се вели во образложението од предлагачот – Владата, има за цел да обезбеди стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес на граѓаните преку целосно и доследно заокружување на започнатите реформи. Се посочува дека со новото законско решение ќе се воспостави „јасна и применлива правна рамка“ која ќе гарантира фер и транспарентни избори, без потреба од привремени политички решенија.

Опозицискиот СДСМ, обвинува дека власта се подготвува за предвремени избори преку, како што велат, „шверцерски измени“ со кои сака да ја укине техничката влада – механизмот што, според нив, обезбедува контрола во изборен период. Од партијата предупредуваат дека ваквиот чекор претставува директен удар врз демократијата и слободните избори и најавуваат дека ќе се спротивстават.

Сподели: