Вести Македонија

СОБРАНИСКА ЕПИЗОДА: Џафери побара обезбедувањето да го тргне Ѓорчев од говорница

Сподели:

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и даде пауза откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, не сакаше да ја напушти говорницата, иако му беа исклучени микрофоните и беше повикано собраниското обезбедување.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев денеска во Собранието излезе на говорница без да добие дозвола од претседателот на Собранието Талат Џафери. По неколку предупредувања, Џафери нареди на Ѓорчев да му се исклучи микрофонот, а откако ни тоа не помогна, Џафери нареди обезбедувањето да го отстрани Ѓорчев од говорницата.

По ова, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и Антонио Милошоски застанаа во одбрана на Ѓорчев опколувајќи го и велејќи дека не може обезбедување да го тргне пратеникот од говорница, па им се придружија и други пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, по што Џафери ја прекина седницата.

Со исклучени микрофони, Ѓорчев побара закажување вонредна седница на Собранието за состојбата со депонијата во Струга.

Седницата продолжи по 20-тина минути.

Сподели: