Собраниска седница се уште не е закажана

Сподели

Нова собраниска  седница се уште не е закажана. По немилите настаните во Собранието од 27 април пратениците се уште не седнале во пратеничките клупи.

Според досегашните информации, седница ќе биде закажана од страна на Џафери, во оној момент кога тој ќе смета дека е време, а  истата се очекува да биде за избор на новата Влада.

Новоизбраниот претседател на законодавниот дом Талат Џафери  на собраниските известувачи им вети фер соработка, и посочи дека ќе биде претседател  на сите пратеници.