Сончево и топло, утре дожд и невреме

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне претежно во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=8

 

 

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Утре ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.