Сончево со максималната температура до 42 степени

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степена. УВ индексот ќе биде 10.

 

 

Во наредните денови под влијание на топол бран ќе се задржи многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.