7 дена Вести Македонија

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, поизразен во Повардарието. Температурата ќе се движи од 11 до 16 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност. Преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а температурата ќе достигне до 12 степени.

Во недела претпладне по котлините ќе има појава на магла, а попладне најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе се прошират насекаде, на планините ќе бидат од снег и ќе започне да дува засилен северен ветер. Преку денот ќе биде студено и ветровито, а врнежи од снег се очекуваат и на некои повисоки места, особено во западните делови.

Сподели: