Сончево со мала облачност

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во ноќните часови ќе има услови за слаб локален дожд.

 

 

Во Скопје сончево, попладне со мала до умерена облачност. Во ноќните часови ќе биде значително облачно со услови за слаб дожд.