Временска прогноза: Сончево и многу топло

Сподели

 

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени. UV=8
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. T= 37 °C, P= 977 hPa, U= 30 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

 

 

И утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. УВ=8. Температурата ќе се движи до 42 степени.