Сончево со засилен ветер

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови променливо облачно, во северните делови со услови за локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови (на повеќе места со брзина над 60 км/час). UV=8

 

 

Во Скопје наутро променливо облачно, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во понеделник ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен дожд и грмежи. UV=8. Температура до 37 степени.