Сопствениците да ги отстранат кајчињата од Пештани

Сподели

 

Општина Охрид ги повикува сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас во село Пештани, истите да ги отстранат, најдоцна до петок, 23 јуни.

Во спротивно од сабота, 24 јуни, Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците, информираат од општината.

Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.