Претседателот на Бугарија, Румен Радев, поднесе оставка од функцијата шеф на државата. Тој ќе ја предаде оставката до уставниот суд, а неговата позиција ќе ја преземе потпретседателката Илијана Јотова, за која вели дека таа ќе биде фостоен шеф на државата.
„Денеска ви се обраќам последен пат како претседател на нашата Бугарија. Најнапред, ве молам за прошка. Ги признавам своите грешки и знам што не успеав да реализирам“, изјави Радев во телевизиско обраќање.
Оставката на претседателот Румен Радев доаѓа кога Бугарија е во длабока политичка нестабилност, по серија предвремени парламентарни избори и долготрајна неможност за формирање стабилна влада.


