ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови. Дневната температура ќе биде за 10 до 15 степени пониска во однос на вчерашната. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 4, а дневната од минус 1 до 6 степени.

Во Скопје облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 4 степени.

Локални врнежи од снег ќе има и во вторник. Во овие два дена најобилни врнежи ќе има во источните делови од земјава, каде се очекува формирање на снежна покривка и над 20 см. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, околу 5 см, освен на планините каде ќе биде поголема. Најмали услови за формирање снежна покривка ќе има вдолж Повардарието каде ќе биде најветровито.