Вести Македонија Ударни вести

Совет на амбасадори: Договорот меѓу Србија и Косово значаен за економска соработка во регионот

Сподели:

 

Здружението за политика и меѓународни прашања „Совет на Амбасадори„ со големо внимание ги следеше активностите околу  потпишување на договор за економска соработка и развој меѓу  Република Србија и Република Косово во Белата куќа,  во присуство на претседателот на САД Доналд Трамп.

Актот на потпишување на договор за економска соработка меѓу двете земји , кои се наши соседи , значајно ќе придонесе за економска  соработка и економски  развој меѓу земјите на Западен Балкан  и особено во правец на  зајакнување на мирот и безбедноста во целиот регион.

 Совет на Амбасадори очекува во иднина дијалогот да продолжи со ист интензитет и  за политичките теми дотолку повеќе  што двете земји како и меѓународната заедница се убедени дека дијалогот може да успее единствено  со почитувањето на границите и дека идејата за размена на територии е контрапродуктивна и може да има негативни ефекти за целиот Западен Балкан.

 Совет на Амбасадори високо ја цени лидерската улога на САД во решавање на овој повеќе децениски проблем, но, смета дека Европската Унија преку нејзините тела и механизми во сверата на надворешни работи  би требало да биде  уште  поактивна особено во соработката со САД, како значаен придонес  за успешно и конечно решавање на отвореното прашање меѓу Република Србија и Република Косово, соопштуваат од Советот на амбасадори.

Сподели: