ВМРО-ДПМНЕ од среда започнува со најавените протести

Сподели

 

СКАПА СТРУЈА А СИРОМАШЕН НАРОД. И токму поради тоа ќе протестираме. Тоа е причината поради која ќе излеземе со свои барања.
И уште нешто, да нема изговор од Владата и мафијата на Заев дека пари во буџетот нема. Пари има, ама тие не одат кај народот. Пари има затоа што потрошија 1 милијарда евра на поткуп, трошат над 8 милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија. Им пропадна банка од 200 милиони евра и око не им трепнува. Обезбедуваат повластена тарифа за универзалниот снабдувач на струја и екстра тендери на струмичка агеција за обезбедување за што се сомневаме дека испумпуваат пари додека сто илјади граѓани живеат со помалку од 50 денари дневно. Ете затоа протестираме, а пари има и цената на струјата мора да се врати по старо.

И сакам уште една порака да испратам до сите незадоволни политички партии, интелектуалци, синдикати здруженија, еснафи и поединци.
Време е да се обединиме, да ги надминеме нашите разлики и да направиме опозициски фронт против оваа власт која е мафија и која продолжува да се богати на грбот на народот. И точно е имаме разлики, различни гледишта можеби и различни концепти. Ама и во Тетово, Битола, Штип или Скопје народот го обединува сиромаштија против која мораме заеднички да се бориме. И мораме да се спротиставиме на оваа мафија со активен отпор и на улица, на протести и да протестираме за секоја тема која ги мачи граѓаните. И ова е отворен повик да се обединиме за да ја зачуваме државата и да ги заштитиме граѓаните. Не смееме да дозволиме богата влада а сиромашен народ. Мора да се избориме за систем, вредности и иднина. И како што реков, мафија не се руши со една битка, туку со многу битки и труд, а ова е почетокот на нивниот крај.

Ние тргнуваме! – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Првиот протест ќе биде на 9 септември (среда). Протестите ќе се одвиваат во форма на маршови кои ќе започнуваат од Министерството за правда, па со блокирање на улиците каде ќе се оди до Владата, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика.