Советот на амбасадорите ги осудува терористичките напади врз Франција и Австрија

Сподели

 

Советот на Амбасадорите на Република Северна Македонија најостро ги осудува неодамнештите терористичките напади и варварскиот чин на насилствата кон граѓаните на Франција и Австрија.

Овие напади се насочени кон демократските вредности и институции кои се дел основните слободи на веросиповед, инофрмирање, граѓански права и слободи. Затоа деновиве сме солидарни со граѓаните на Австрија и Франција. Солидарни сме и со жртвите на атентатите, со нивните семејства и со сите оние кои ги осудуваат таквите акти на насилство.

Советот на Амбасадорите ги осудува злосторствата на џихадистите и исламскиот тероризам, кои воедно им нанесуваат недоместливи штети на  муслиманите кои не ја прифаќаат екстремистичката кауза. 

Совет на Амбасадори и понатаму ја афирмира определбата на нашите граѓани како и на мнозинството граѓани во светот за заеднички соживот  соработка и создавање културни и други вредности во духот на толеранцијата и заемното почитување меѓу религиите, јакнењето на заемната доверба со граѓаните од исламската вероисповед, како дел од нашиот мултиетнички мултиконфесионален систем, – се наведува во соопштението на Советот на амбасадори.