СП 2017: Македонија против Словенија

Сподели

Машката ракометна репрезентација на Македонија попладнево во дуелот со Словенија ќе ја има првата можност да обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство во Франција.

Во таборот на Македонија се подготвени за предизвикот и натпреварот против фаворитот Словенија.

– Имаме два добри резултати. Потребна е концентрација во текот на целиот натпревар. Играта на Словенија ја познаваме, немаат слаб играч. Потребна е добра одбрана за да имаме добар резултат за осминафинале, но ќе биде потребно да се одигра и добар напад. Треба да се затвори средината и играта на нивните средни бекови и да ги спречиме нивните контри и полуконтри, изјави Влатко Митков.

Почетокот на натпреварот Македонија – Словенија е во 17 часот и 45 минути.

Покрај овој дуел, од Б групата во 3.коло играат уште и Шпанија – Ангола. Вчера Исланд и Тунис одиграа нершено 22:22.

Табела: Словенија 4 бодови, Македонија 4, Шпанија 4, Исланд 1, Тунис 1, Ангола 0.