Спасовски: Дојавите за бомби се лажни, МВР има систем на одбрана

Сподели

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за информативната емисија Win-Win запрашан како македонската полиција се справува со лажните дојави за бомби во средните училишта во Скопје, и каква е заднинската анализа на МВР, со оглед на фактот што ова е трет ден, вклучувајќи ја и дојавата во ЈСП – Скопје, истакна:

„Во најмала рака ова е монструозен чин, кој е веројатно дел од тие хибридни напади на кои сме изложени како држава. Ќе се анализираат и ќе ги дознаеме причините зошто е тоа така, дали се политички, геостратешки, бизнис причини… Тоа е најмалку важно, но она што го кажавте како констатација, ова троши време, енегија, ресурси, кои мора да бидат спроведени по целосниот протокол, без притоа да се импровизира во било кој поглед. Кога се случи со ЈСП – Скопје, мораше да направиме контрола врз сите автобуси коишто сообраќајат низ градот, колку и да имате првични проценки. Испраќачот е пронајден, а анализите покажуваат дека најверојатно се злоупотребени”, истакна министерот Спасовски.

Министерот Спасовски информираше дека во оваа фаза познато е кои се меиловите , од каде се пратени, и се знаат точните податоци, при што се работи интензивно, заедно со партнерските служби, сè со цел да се дојде до сторителот на едно вакво дело.

„Вонземиреноста и неспокојот кој се чувствува на децата,  на наставниот кадар, на нивните родители, на секој еден граѓанин во држава – тоа е недозволиво, најблаго речено е монструозен  чин, без разлика кој и да го прави. Анализите и претпоставките се во неколку правци и сите тие мора да бидат анализирани до крај и не мора да значи дека едната ја исклучува другата или причините до крај не се заеднички”, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека сите капацитети кои стојат на располагање, човечки и материјално-технички се ставени во функција на дражавата и сите капацитети на партнерите на Република Северна Македонија се ставени на располагање.

Во однос на прашањето за неодамнешните сајбер напади на неколку министерства во државата, како нови методи на притисок врз земјите, за капацитетот на системот за справување со сајбер криминалот, министерот Спасовски истакна дека како една од важните работи е тоа дека како модерен презивик нема да заврши сега, туку ќе се развива и понатаму.

„Сега сите разбираат колку е важно да се формира систем отпорен на сајбер криминалот. Има два елемента во делот на пријавите – едно е напад на системи кои ги имаат институциите, а второто е пријави од граѓани за разни кривични дела направени по електронски пат. Таму каде се доаѓа до конкретни податоци, ИП адреси, податоци за социјални мрежи, онаму каде може да биде покренато соодветно обвинение, тоа е покренато. Но, некаде не може, ниту преку меѓународна правна помош”, истакна министерот Спасовски.

Министерот Спасовски рече дека е важно градењето на систем на отпорност во делот на нападите, или поголема сајбер безбедност или култура на инситуцијата

„МВР имаше информатички систем до 2018 година кој беше повеќе од 45 години воспоставен систем, преку кој не може да бидеме компатибилни, да споделите информаци, веб сервиси, затоа имаше вложување во овој дел. Направивме проект од ИПА, го изградивме ИКТ Центарот во Прилеп, заштитна бек-ап база на податоци, не само за МВР, туку и за останати институции. Имаше многу обиди за напади, на Министерството за образование, земјоделство, обиди кои сакаат да го срушат целиот систем, но беа нападнати само веб страни, но не и податоци, затоа што има систем кој значи одбрана”, подвлече министерот Спасовски, додавајќи дека ИКТ центарот во Прилеп е систем кој овозможува контрола на сите логови, и преку меѓусебни договори тие податоци кои ги имаат институциите на државата ќе бидат сочувани.