Спасовски: Нема да дозволам понижување на македонскиот народ!

Сподели

 

“Како министер за внатрешни работи нема да дозволам понижување на македонскиот народ!” – изјави утрово министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 
 
 
 
 
“Во никој случај и од било кого, најмалку некој што доаѓа од надвор.
Ние сме гостопримилив народ, кој знае да укаже чест и почит, но мора да бидат возвратени. Нема никој дома да ни дојде, да нѐ понижува нас, македонските граѓани.
 
Институциите работат и се прибираат информации кои значат дека ова очекување на граѓаните ќе биде реализирано.”
 
“Дел од хибридната војна против Северна Македонија е и последниот случај во Охрид, со претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб поради кој овие денови се нарушија кревките македонско бугарски односи”, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Утрински печат“.
 

“Луѓе од иста групација и се оние коишто тепаат и оние коишто се тепани. Тоа ја докажува таа хибридна војна. Секое инкриминирачко дејство што се прави државата реагира во овој дел и ние кажуваме дека не може во ниту еден момент, ниту еден граѓанин, без разлика на национална, верска, политичка и било која друга припадност да биде физички нападнат и да биде малтретиран. На тоа државата јасно ќе се спротивстави и ќе преземе мерки какви што презема и во овој случај. Иако се обидуваат да ни накалемат дека државата не презема мерки за некоја категорија на граѓани, дека не води ефикасни истраги, што не е точно” – рече Спасовски.