Спортските настани во СЦ „Борис Трајковски“ одложени во наредните 14 дена

Сподели:

 

Спортскиот центар „Борис Трајковски” нема да работи во наредните 14 дена. Во соопштението на СЦ „Борис Трајковски”, се вели дека оваа одлука е донесена согласно последните издадени забрани за одржување на сите собири на отворено и затворено од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство.

“Се известуваат сите корисници на содржините на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, дека од 11.03.2020 , па во наредните 14 дена, нема да работи. Спортските настани во наредните 30 дена ќе се одржуваат без публика”, информираат од СЦ “Борис Трајковски”.

Сподели: