Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска во Скопје е домаќин на генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој престојува во својата прва официјална посета на нашата земја, што претставува и прва посета на вакво ниво.
“Разговаравме за европскиот пат на државата, реформските процеси и поддршката што ја добиваме од Советот на Европа во зајакнувањето на демократијата, владеењето на правото и човековите права. Ја реафирмирав нашата посветеност кон принципите и обврските што произлегуваат од Европската конвенција за човекови права, како и важноста од доследно почитување на одлуките на Европскиот суд за човекови права.
Посебно ја истакнав важноста на затворањето на пост-мониторинг дијалогот од страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа, како признание за напредокот на државата и дополнителен поттик за продолжување на реформите и европската агенда.
Разменивме мислења и за актуелните геополитички предизвици, со акцент на состојбите во Европа и војната во Украина, како и за нашето претстојно претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа, кое започнува во ноември следната година”, изјави министерот Муцунски по средбата со Ален Берсе.
фото фб Тимчо Муцунски


