Вести

Средба на Обама со Далај Лама во Белата куќа, реакција на Кина

Сподели:

thumbs_b_c_98354701390efd45edd1c4380a278087

„Претседателот на САД, Обама, и САД независно од причината за средбата со Далај Лама во Белата куќа, треба да знаат дека Тибет е дел од Кина. Затоа, независноста на Тибет и акциите за поддршка за сепаратизмот се спротивни на дадените ветувања”

Министерот за надворешни работи на Кина, Лу Канг, на прес-конференцијата зборуваше за средбата на претседателот на САД, Барaк Обама во Белата куќа со духовнит лидер на Тибет, Далај Лама.

„Претседателот на САД, Обама, и САД независно од причината за средбата со Далај Лама во Белата куќа, треба да знаат дека Тибет е дел од Кина. Затоа, независноста на Тибет и акциите за поддршка за сепаратизмот се спротивни на дадените ветувања”, рече министерот Лу.

Лу истакна дека начинот со кој настапиле САД претставуваат мешање во внатрешната политика на Кина, што би можело да ѝ наштети на меѓусебната доверба и соработка. Министерот за надворешни работи на Кина Лу ги повика САД да стават крај на мешањето во внатрешната политика на Кина, преку прашањето за Тибет.

Обама претходно во четири наврати се сретна со духовниот лидер на Тибет, Далај Лама, во Белата куќа. Пред последната средба, администрацијата во Пекинг остро реагираше и истакна дека Тибет е внатрешно-политичко прашање на Кина и пораката по дипломатски пат ѝ ја пренесе на американската страна.

По неуспешното востание против кинеската власт во 1959 година, духовниот лидер на Тибет, Далај Лама, беше принуден да го напушти Тибет. Тој на северот од Индија во егзил ја формираше владата на Тибет. Раководството на Кина вели дека Тибет веќе 700 години е дел од територијата на Кина, додека Тибетанците го бранат ставот дека поголем дел од тоа време биле независни. Пекинг го одбива барањето за поголема автономија на Тибет, бидејќи смета дека зад тоа барање се крие обид за прогласување независност.

AA.COM.TR

Сподели: