Средба на претседателот Џафери со претседателот на државата, Стево Пендаровски

Сподели

 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денес беше на прва посета кај Претседателот на државата, Стево Пендаровски.

На самиот почеток, претседателот Џафери му честиташе на претседателот Пендаровски за стапувањето на функцијата претседател на државата и му посака успех  во исполнувањето на оваа највисока државна должност.

 

 

Во продолжение, разговараа за актуелната ситуација  во земјата, за очекувањата на граѓаните и заеднички констатираа дека, од суштинска важност е сите релевантни институции во државата, меѓутоа и сите чинители кои се дел од општествениот живот во Република Северна Македонија, во претстојниот период да ги насочат севкупните капацитети и потенцијал во реализација на следниот важен чекор во европската интеграција на Република Северна Македонија – а тоа е добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

Во таа насока, претседателот Пендаровски го посочи значењето на Собранието во реализацијата на реформската агенда и на парламентарната димензија во остварувањето на интересите на Република Северна Македонија на меѓународен план.