ТУРЦИЈА: Уапсени 249 лица вработени во министерството за надворешни работи

Сподели

 

Властите во Турција побараа апсење на околу 249 лица вработени во министерството за надворешни работи под сомнеж за поврзаност со мрежата на Фетула Ѓулен, кој според актуелната власт во Анкара, стои зад неуспешниот обид за пуч во јули 2016 година.

Јавниот обвинител во Анкара изјави дека апсењето на 249 вработени во Министерството за надворешни работи е наредено кога истрагата откри дека се заборавени неправилности во нивната работа со приемните испити.

Досега под истото обвинение се затворени околу 77.000 лица, а повеќе од 150.000 се суспендирани од работа во рамки на чистката по неуспешниот пуч.

Свештеникот Фетула Ѓулен од 1999 година се наоѓа во американската сојузна држава Пенсилванија, каде живее во егзил.