Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на 8. Самит на Европската политичка заедница во Ереван, оствари средба со претседателот на Романија, Никушор Дан.
Таа се заблагодари за континуираната поддршка на Романија на македонските евроинтеграции, вклучително и преку групата „Пријатели на проширувањето“, укажувајќи дека истото мора да биде процес врзан за Копенхашките критериуми со почитување

Според неа, силната регионална соработка е важен фактор на политичкото обединување во ЕУ. Таа го поздрави романското разбирање на македонската аспирација за земја-партнер во иницијативата „Три мориња“. Обајцата сметаат дека добрите политички односи треба да бидат проследени со поширока и подинамична економска соработка.
На средбата беа разгледани можностите за соработка во областа на културата, образованието и науката.
Сиљановска-Давкова изрази подготвеност за понатамошна меѓусебна поддршка во рамките на меѓународните организации. Таа упати покана до претседателот Дан за официјална посета на земјава.


