,,Старата дама,, пазари од Сасуоло – Влаховиќ добива конкуренција во нападот!

Сподели

Напаѓачот на Сасуоло, Доменико Берарди би можел да ја продолжи кариерата во торински Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

фото: Alessandro Sabattini/Getty Images)

Челниците на „старата дама“ го направија првиот чекор околу трансферот и ја прашаа управата на Сасуоло за цената на 27-годишниот италијански репрезентативаец. Отштетата за напаѓачот на Сасуоло изнесува околу 30 милиони евра.

Берарди има договор со Сасуоло до јуни 2024 година. Тој беше член на Јувентус од 2013 до 2015 година, но не одигра ниту еден натпревар за торинскиот клуб.

Тој исто така се поврзува и со трансфер во Милан, но останува да видиме каква одлука ќе донесе напаѓачот на Сасуоло и на италијанската фудбалска репрезентација.

Берарди минатата сезона одигра 34 натпревари за Сасусоло и постигна 15 гола со 13 асистенции.

The post ,,Старата дама,, пазари од Сасуоло – Влаховиќ добива конкуренција во нападот! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico