Статуафест – “Соништа” од денеска на улица Македонија

Сподели

Од денеска, 2 јуни, со почеток во 18.30 часот, на ул. „Македонија“ ќе започне 9. издание на уличниот уметнички фестивал Статуафест – Соништа, кој ќе трае до 4 јуни. 

Уште едно магично издание на Статуафест, каде улицата го покажува своето друго лице – полно со тишина што зборува, движење што мирува, и уметност што сонува со отворени очи.

Оваа година, тематски нурнуваме во светот на соништата – оние скриени визии што нè водат, ни шепкаат инспирација, ни даваат боја на секојдневието. Нашите живи статуи ќе ги разбудат вашите чувства, ќе ви понудат мигови на замисленост, и ќе ви покажат дека сонот и јавето се поблиску отколку што мислиме, информираат организаторите.

Статуафест не е само фестивал – тоа е повик за стоп, за восхит и за соништа што оживуваат среде градскиот ритам. Придружете ни се и дозволете уметноста да ве однесе таму каде што зборовите замолкнуваат, а соништата почнуваат да зборуваат.